Џеф Безос е блиску до тоа да стане првиот билионер во светот

14 мај 2020

Народот допрва ќе ги чувствува последиците од економската криза што ја предизвика пандемијата на Ковид-10, барем така велат стручните лица. Но, не и Џеф Безос.

Најбогатиот човек на светот ќе биде еден од оние на кои оваа ситуација ќе им го зголеми богатството и тоа повеќекратно.

Имено, како пренесуваат странските медиуми, до 2026 година тој би можел да стане првиот билионер во светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Multiverso Paralelo (@multiverso.paralelo) onMay 13, 2020 at 5:41pm PDT

Онлајн купувањето кое во наредниот период ќе биде во подем, ќе му овозможи на сопственикот на „Амазон“ и на неговата компанија да ги живеат најдобрите денови.

За потсетување, Безос го основаше „Амазон“ во 1994 година и тоа почна во својата гаража. Пред месец дена „Форбс“ ја објави информација дека цената на акциите на корпорацијата го достигнале рекордот и за само еден ден тој станал побогат за 6.3 милијарди долари.

Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш прогнозите дека ќе стане првиот билионер во светот и не се така невозможни.

Објавено:
14 мај 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
322 пати