Инспиративен дизајнерски декор

12 декември 2014

Модните куќи Келвин Клајн и Валентино за претстојните празници решија да понудат нешто навистина уникатно и декоративно. Доколку сте љубител на цветниот аранжман тогаш сигурно ќе бидете воодушевени од цветниот- шоп во бутикот на Келвин Клајн на Авенијата Медисон. Лорен Меселијан, која соработува со модната куќа од 1998 година и ги аранжира нивните свечени настани, понуди лимитирана едиција на цветен декор, кој е спој на уметноста и дизајнот во една целина.

Од друга страна, доколку повеќе сте обожавател на мирисни свеќи, понудата од Валентино е одличен поклон за под елката. Модната куќа во соработка со францускиот бренд Cire Trudon ја креираше свеќата Rouge Absolute, која е спој на нежен и женствен мирис со ноти од јасмин. Исто така, не само што овој подарок е одлично решение за божиќните и новогодишни празници, дизајнот на свеќата и комбинацијата од бордо нијанса со златни детали, совршено се вклопува со празничниот декор во секој дом.  Разгледајте ги фотографиите и одберете изненадување  за вашите најблиски.

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Култура