Келвин Клајн се враќа на корените

4 август 2014

Минатата година прослави десет годишнина од неговата работа во Келвин Клајн, а сега Коста лансираше капсулна колекција, која според дизајнот е враќање кон корените на модната куќа. Парчињата кои се дел од колекцијата се пред се носливи како што се јакните, панталоните и џемперите, но сепак вклучени се и „пенкало“  и миди здолништа, кратки топови и макси фустани за посвечени варијанти.

Колекцијата од први август е лансирана на Net-a-porter, каде сите заинтересирани ќе мoже да го одберат своето омилено парче од Келвин Клајн.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Актуел