Нашата Елена Трајановска на ревија на Келвин Клајн

18 септември 2015

Нашата позната манекенка со интернационална кариера, Елена Трајановска, вчера се појави на ревијата на модната куќа Келвин Клајн, во рамки на модната недела во Њујорк.

Иако ова не е прво појавување на Трајановска во рамки на модните недели, и соработка со познати модни имиња, сепак е мошне значајно што се појави на самото финале за една од најпознатите американски модни куќи, чии модели и претходно носела.

Елена се појави на пистата во две комбинации во бела боја. Погледнете.

Инаку, Франциско Коста во новата колекција за Келвин Клајн го актуализира стилот од 1990-тите. Свилените фустани кои наликуваат на ноќници, се и едно од препознатливите парчиња на оваа модна куќа, но многумина ова ги потсети на изгледот на Кортни Лав од 1995 година на доделувањето на Оскарите. 

Иако нејзиниот фустан чинеше само два долари, ноншалантниот изглед во оваа колекција доминираше. Белата и црната боја, како и минимализмот придонесоа оваа колекција да изгледа чисто. Покрај овие две бои, видовме и цветни принтови и тоа  на широките панталони и блузи, како и на комбинезоните. Исто така, Коста во колекцијата ги спои свилата и плетенините, што се покажа како успешна комбинација.

Објавено:
18 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.062 пати