Кендал Џенер е новото лице на Келвин Клајн

27 март 2015

Гласините се потврдени: ѕвезда на новата кампања на Келвин Клајн е миленичката на модната индустрија, Кендал Џенер.

Деветнаесетгодишната Кендал е заштитно лице на кампањата #mycalvins инспирирана од урбаната улична мода.

Низ фотографиите Кендал е олицетворение на младешкиот и енергичен спортски дух и носи секси кратки топови, спортски маички, јакни со познатото лого на брендот,  како и џинс комбинезони.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба на онлајн страницата на Келвин Клајн од први мај.

 

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Актуел