Лара Стоун во две различни модни кампањи

5 август 2014

Стела Мекартни е решена целосно да го освои модниот пазар бидејќи последнава сезона е постојана актуелна со новитети, но и со агресивен маркетинг, кој очигледно и носи позитивни резултати. Следен проект кон кој е насочена е лансирањето на нејзиниот прв парфем „Стела“, а за чии потреби беше ангажирана Лара Стоун, која е всушност заштитно лице на новата кампања. Манекенката  во видеото внесува доза сексапил поради играњето со шишенцето парфем низ нејзините полни усни, а кампањата ја потпишува познатото фотографско дуо Мерт и Маркус.

Втора, но не и помалку значајна кампања во која Лара е заштитно лице е онаа на Келвин Клајн за есен – зима колекцијата на фармерки и долна облека. Иако претходно, холандскиот модел беше заштитно лице на нивните парфеми, модниот дизајнер реши да ја претстави манекенката во поинакво издание и тоа преку црно – бели фотографии, за кои повторно се потпишуваат Мерт и Маркус. Бидејќи хаштазите се ин сезонава, основата на кампањата се одбележува со слоганот #mycalvins, а досега во кампањата се приклучија Кендал Џенер, Миранда Кер и Џордан Дун, кои преку фотографии на Инстаграм ја промовираа новата линија долна облека од Келвин Клајн.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Сцена