Синди или Каја? Манекенката во најновата кампањата за Келвин Клајн

2 април 2021

Да имаше бемка над аголот на горната усна, лесно ќе ја помешавте Каја Гербер со нејзината мајка Синди Крафорд во новата кампања на Келвин Клајн.

По стапките на својата мајка Синди Крафорд, која во 90-те беше една од музите на Келвин Клајн, Каја Гербер е заштитно лице на најновата кампања на брендот.

Сличноста меѓу двете е и повеќе од очигледна, а за Каја ова не е прво искуство со КК. Како и Синди, и Каја често чекореше на модната писта носejќи ги парчињата на Келвин Клајн.

Синди Крафорд за Келвин Клајн во младоста

Манекенката неодамна изјави дека се впушта и во актерските води, па ќе ја видиме во најновата сезона на American Horror Story.

Објавено:
2 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
529 пати