Каква мајка, таква ќерка - Синди Крафорд и Каја Гербер, модно усогласени

16 август 2023

За ова лично дуо мајка и ќерка можеме слободно да кажеме дека крушата под круша паѓа.

Убавината на Синди Крафорд се пренесе на нејзината ќерка Каја Гербер, која го наследи и талентот за моделинг и доминација на модните писти.

Од очите со костен боја и прекрасната густа коса, па сè до извајаното тело и шармирачката насмевка Каја го има сето она по што мајка ѝ е препознатлива и денес.

Каја не живее во сенката на легендата Крафорд, туку напротив ја има целосната поддршка од мајка си во градењето на нејзината кариера.

Тие двете се најелегантното дуо во модниот свет, секогаш хармонично стилизирани во знакот на секој настан на којшто се појавуваат.

Од долгите и светкави фустани на црвениот тепих до разиграните маскембалски комбинации, ви доловуваме некои од најдобрите модни согласувања на Синди и Каја.

Фото: Vogue/Getty

Објавено:
16 август 2023
Категорија: 
Сцена