Инстаграм празнични разгледници: Божиќното руво на градовите ширум светот

30 ноември 2020

Се испраќаме со годината која генерално сите посакуваме да остане лош спомен и да не се повтори.

Годинава, од разбирливи причини, празничниот дух, како и целата 2020 нема да биде вообичаен и во полн сјај. Но, од друга страна божиќна светлина како надеж за подобра следна година е пораката која ја испраќаат градовите ширум светот кои веќе го добија своето празнично руво.

Тука вообичаено припаѓаат големите светски метрополи, но особено симпатични се помалите места и градови кои имаат поинаков и посебен шарм во периодот на празничните денови.

Токму таквите нѐ инспирираа да направиме една мала виртуелна прошетка низ Инстаграм и да ви ги донесеме како новогодишни разгледници, дел од најубаво украсените места ширум светот.

Објавено:
30 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.892 пати