Инстаграм профил што ја раскажува приказната за македонските народни носии

13 февруари 2023

На Инстаграм наидовме на еден интересен, но пред сè едукативен профил од којшто можеме многу да научиме за нашата традиционална облека и нејзиното потекло.

Навистина за почит е секое посветено време за да се соберат автентични фотографии од различни региони и да се најде приказната зад секоја од нив.

Нашата македонска култура и традиција е разнолика и е непресушен извор на инспирација. Има многу да се зборува и раскажува за сето она што македонскиот народ го оставил зад себе, затоа денес ќе ѝ отстапиме место на носијата.

Таа нека ви раскаже како изгледало да си ИН во минатото, низ следниве фотографии.

Објавено:
13 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
193 пати
Тагови: 
народна носија