Интересни факти за филмот Титаник што досега не сте ги знаеле

4 септември 2014

Едниот од филмските хитови на режисерот Џејмс Камерон, Титаник е првиот филм кој заработи повеќе од милијарди долари. Титаник денес го држи рекордот како единствен филм кој се задржа на репертоарот од киносалите цели 15 недели. Во продолжение ќе прочитате неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за оваа филмска класика. Додека Камерон ја снимал научната фантастика The Abyss, добил инспирација за Титаник. Ги истражувал остатоците од бродот безброј пати, а неговиот брат дури изработил специјална камера која може да го издржи притисокот под длабоките води.

Титаник и Оскар

Кејт Винслет е номинирана за најдобра споредна улога за ликот Роуз, заедно со Глорија Стуарт која во филмот ја игра улогата на остарената Роуз. Оваа номинација влезе во историјата на кинематографијата бидејќи две актерки се номинирани од иста категорија за иста улога. Иако ниту едната ниту другата не добија Оскар, филмот на крајот освои 11 награди.

Главни актери

Првиот избор на продуцентот за улогата на Џек Досон била за Метју Меконахи, но режисерот и Кејт сакале тоа да биде Леонардо. На почетокот, Камерон не бил многу запознаен со актерското портфолио на Лео, но по првиот состанок со него забележал дека сите жени во близина се добро информирани кој е Леонардо. Иако, Џек Досон е измислен лик, Камерон открил дека на Титаник навистина постоел патник под името Џозеф Досон кој не преживеал. Немало разлика и од изборот на женската улога која првично била наменета за Гвниет Палтроу, но Кејт била упорна и на кројот ја добива улогата. Инаку имаето Роуз од филмот таа го добива по името на бабата на Џејмс Камерон.

Кршење на мразот

На самиот почеток од снимањето, Кејт настојувала да ги пробие непријатните бариери во случајот со снимањето на сцените каде  е гола. За да го искорени срамот, Винслет го замолила  Леонардо да и прави друштво додека се подготвува за снимање. Цртежите кои се изработени токму од таа сцена се дело на Џејмс Камерон.

 

Страв од вода

Бидејќи Лео бил чувствителен на ладната вода и ретко се појавувал на сцените каде била премногу студена. Температурата на водата од почетоците на снимањето била само 10 степени. И Кејт Винслет и Леонардо признаваат дека морале неколку пати да уринираат во водата бидејќи тоалетите биле премногу далеку.  Потоа на сетовите било донесено и џакузи со топла вода каде ќе можат за време на паузите да се затоплат и опуштат.

 

Автентичност

Секоја жена на снимањето морала да носи корсет, дури и статистките кои едвај се гледаат на филмот. Сите морале да поминат часови по бонтон, за да го научат однесувањето на луѓето од тоа време. Келнерите исто така учеле како да ја служат храната и пиењето. Силиката од Пикасо која се појавува во една сцена е оригиналната изнајмена од музеј во Париз.

И на крајот, Титаник чини вртоглави 200 милиони долари, ако досега не знаевте.

 

 

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Култура