Леонардо Дикаприо: Името го добива по Да Винчи, а татко му е заслужен за некои од најдобрите улоги

11 ноември 2020

После „Титаник“, Леонардо Дикаприо на многумина им стана омилен актер или макар актер кој ќе ги натера да гледаат и други остварувања со него. Зад себе има одлични улоги, „Оскар“, многу други филмски награди, но и многу партнерки како од каталог за „Викторијас Сикрет“. Своето богатство го користи на лични задоволства, но и борбата против климатските промени и во тоа е прилично ревносен.

А покрај сето тоа, има и интересна животна приказна, која сведочи дека трудот сепак на крајот се исплати и дека признанието понекогаш доаѓа подоцна, но тогаш е уште подраго. Ние одвоивме неколку интересни моменти од неговата биографија кои следат во продолжение:

-Леонардо Вилхелм Дикаприо е роден на 11. ноември во Лос Анџелес. Тој е единственото дете на родителите Ирмелин Инденбиркен и Џорџ Дикаприо. Од страната на татко му има италијански корени, а од страната на мајска си, руски и германски. 

-Името го добива по Леонардо да Винчи. Кога биле неговите родители на патување во Италија, посетиле галерија, во која гледале една слика од Да Винчи. Во тој момент, мајка му за првпат почувствувала како бебето ја „клоцка“ во утробата. „Татко ми е човек кој ги прифаќа пораките од универзумот и рекол дека морам да се викам Леонардо“, изјави во една пригода актерот.

-Неговите родители се разделуваат после неговиот прв роденден. Тој останува да живее во мајка му, но сепак одржувал блиска врска со двајцата родители кои заедно учествувале во неговото растење и развој на кариера. Татко му кој бил писател, уредник и дистрибутер на филмови, може да се рече дека е заслужен за тоа што Дикаприо и денес сака многу да се забавува. Исто така, како помлад сакал да создава шеги со родителите и да имитира луѓе. Тој талент бил забележан уште во основното училиште.

-Бил дете кое предизвикува хаос околу себе, па често бил исфрлуван од сетовте за реклами. Подоцна, кога сфатил дека школото не го интересира и дека едвај издржува во училишните простории, комплетно се осврнал на глумата.

-„Кога имав 14 години, откако работев на неколку телевизиски реклами, вклучувајќи ја и онаа за Bubble Yum, гледав филм со татко ми, во кој главната улога ја имаше Роберт де Ниро. Татко ми покажа накај екранот и ми рече: „Сине, гледај внимателно, бидејќи вака изгледа одлична глума“, изјави Лео во едно интервју. Години подоцна, помеѓу 400 кандидати, токму Роберт де Ниро лично ќе го одбере да му биде парнер во остварувањето „That's boy life“, каде Дикаприо ќе биде одличен, глумејќи злоставувано момче.Оваа улога ќе му донесе поени кај критичарите, но и две награди

- Втората жена на татко му од првиот брак имала син - Адам Фарар, кој исто така се занимавал со актерство. Лео почнал да ги следи неговите чекори. На Адам одлично му тргнало во Холивуд, па Лео имал од кого да учи. Но, патот на Дикаприо со почетокот на 90-тите ќе почне да оди во нагорна линија, а на Фарер во удолна. Дрогата, кражбите, насилството ќе го засенат успехот во кариерата, па Адам ќе почне да тоне. Леонардо ќе се обиде неколку пати да му помогне, но нема да има успех, па на крајот ќе се откаже и ќе се спаси од истата судбина.

- Татко му Џорџ долго време ќе му ги бира улогите. Под негов надзор ќе оди на аудиции. Ќе го наведува на улоги кои ќе му бидат предизвици. После телевизиските проекти и соработката со Роберт де Ниро, ќе следи и улогата во „What's Eating Gilbert Grape" на дете со попреченост, која ќе му ја донесе и првата номинација за „Оскар".

-Во филмот „The Basketball Diaries" ќе глуми талентиран кошаркар, кого дрогата ќе го уништи. Тоа ќе го доведе најблиску до наркоманијата. Како дете, во својот кварт се нагледал ужаси предизвикани од хероин, крек и други дроги, па затоа не сакал да проба ништо посилно од алкохол. Кога имал 5 години, зависник го има турнато во ѕид и заканувано со нож. Од дрога го одвратила и судбината на неколкумина негови врсници и колеги. Кристофер Петиет, Бред Ренфро и Џонатан Беандис се натпреваруваа за улоги со Дикаприо. Кристофер и Бред ќе починат од предозирање, а Џонатан ќе се обеси после долга борба со зависноста.

-Во првите години од кариерата, Лео во Ривер Феникс ќе гледа пример. Ќе се восхитува на талентот на Феникс и ќе посакува улоги какви што Риверл имал. Желбата ќе му се исполни, но со една непријатна игра на судбината. Како последица од предозирање со хероин и кокаин, Ривер ќе почине, а токму Леонардо Дикаприо ќе ја преземе неговата улога во „Total Eclipse".

-Кога ќе ја добие улогата во „Титаник", Лео веќе самостојно ги бира улогите. Иако од самиот почеток знаел дека филмот на Џејмс Камерон воопшто не е мал, ништо не можело да го подготви за фактот дека со месеци потоа нема да се симне од насловните страни на магазините и да предизвикува хистерија кај жените. Пред „Титаник" Лео ќе биде Ромео во остварувањето „Ромео и Јулија", успех кој му претходел на оној во „Титаник", но сепак ни одблиску толку голем.

- Постојат гласини кои велат дека Леонардо во Холивуд бил познат не само по неговиот огромен талент, туку и по машкоста. Во контекст на тоа е и приказната дека Шерон Стоун од свој џеб го платила хонорарот за Дикаприо за филмот „The Quick and the Dead", не само поради фантастичната улога во „That's boy life" и „What's Eating Gilbert Grape". Ете толку сакала да го има во филмот.

-Оскарот го добива во 2016 година за улогата во „Revenant“, по што одлучува да направи пауза и да се одмори. Го предомислува Квентин Тарантино, па заедно со Бред Пит ќе ги толкуваат улогите во „Once upon in Hollywood“.

-Од првиот поголем хонорар, татко му за 50 роденден ќе добие нов автомобил. „На родителите им должам се', така сум пораснат и воспитан и никогаш не сакам тоа да го заборавам. Работите кои ги правев со нив, не е важно дали се работи за утрата во недела кога со тато јадевме тост и гледавме „Попај“ или за украсувањето на елката со мама, тие спомени ме направиле среќен“.

-„Бевме сиромашни, но моите секогаш го вртеа мојот фокус на други нешта, а не на сиромаштијата, за да не западнам во лоши кругови. Дрогата никогаш не ме интересираше, можеби бидејќи постојано бев опкружен со неа. Родителите ме носеа во музеи, ме учеа на уметност, ми читаа. Мама секога ден возеше два часа за да можам да одам на училиште, а тато доаѓаше по мене. Но, школото никогаш не ме интересираше. Обожавав да имитирам луѓе и да се глупирам пред родителите“.

-Агентите му барале да го смени името во Лени Вилијамс, за да биде позвучно, но не се согласил на тоа. 

-Три пати се спасил од смрт:

Додека нуркал во Јужноафриканската република, се случила несреќа. Во кафезот кој го штител од грабливки, влегла голема бела ајкула. На среќа, како влегла, така  и излегла и не го повредила. Подоцна, на лет за Русија, патувајќи во бизнис класата, пред лице му се распрснал моторот на авионот, поради што пилотот одлучил на неколку минути да ги изгаси сите мотори на авионот и тој буквално се „лизгал“ по воздухот. Третото соочување со смртта го имал кога скокал со падобран, при што едниот не се отворил, се заплеткал, а потоа ни вториот не сакал да се отвори. Иако, како вели ѝ гледал на смртта во очи, во последните моменти за среќа падобраните се отвориле и тој слетал безбедно.

-На прашањето како би сакал да го помнат, ќе рече: „Сакам да починам како добра личност. Татко ми секогаш ми зборуваше, без оглед на тоа што работиш, потруди се да имаш интересен живот и најди начин секое утро да се разбудиш среќен што се' уште можеш сам да си ги облечеш панталоните. Можам да кажам дека речиси стопроцентно сум на тој пат, но тоа се моите лични амбиции. Она на што секогаш сум благодарен е тоа што на крајот од денот околу себе имам многу драги луѓе, мене особено важни“, изјави во едно интервју.

 

 

фото: instagram.com, #leonardodicaprio;

 

 

Објавено:
11 ноември 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.336 пати