Џони Деп: Се селел повеќе од 20 пати, го напуштил средното училиште, а Николас Кејџ е заслужен што денеска е ѕвезда

9 јуни 2020

Фантастичниот актер Џони Деп вниманието на јавноста го привлекува благодарение на одличниот талент и улоги во врвни филмски остварувања. Често беше застапен и благодарение на хуманите гестови, но и турбулентните љубовни врски.

Специфичен, свој, автентичен, Деп имал живот исполнет со многу подеми и падови. Во продолжение следат неколку информации што можеби и не сте ги сретнале за популарниот актер.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@deppgirl_) onApr 28, 2020 at 5:12am PDT

- Роден е во Кентаки. Мајка му Бети Су Палмер била келнерка, а татко му Џон Кристофер Деп, инженер. Се селеле повеќе од 20 пати, додека на крајот Флорида не била нивната последна дестинација.

-Додека бил во врска со Кејт Мос, во текот на престој во хотелот „Марк“ во Њујорк, имале бурна расправија, по што го демолирале целиот претседателски апартман. Насекаде имало стакло, уништен мебел. Има две верзии - дека ги обвинил вработените за нередот и втората, дека за нередот е виновен неговиот миленик - армадиљо.

-Ако на некого треба да му заблагодари што денес е ѕвезда, тоа е Николас Кејџ. Тој го запознал Џони со првиот агент, а оттогаш другото е историја.

-Не е љубител на танцот, дури има и аверзија. Прави исклучок само доколку улогата го бара тоа од него.

- Во филмот „"What's Eating Gilbert Grape", кој својата премира ја доживува во 1993 година, Џони (кој тогаш има 29/30 години) игра заедно со Леонардо Дикаприо, кој тогаш има 18/19 години. За време на снимањето бил неверојатно груб кон тогаш младиот Леонардо, за што подоцна ќе му се извини. Своите гестови ќе ги нарече незрели, а ќе му каже и дека го почитува и него како актер и неговата работа.

-За улогата во филмот „Пиратите од Карибите“ направил сериозна интервенција со златни навлаки на забите, за да биде максимално професионален.

-Во 1997 година свирел гитара за „Оазис“ за песната „Fade-in out“. „Се случи спонтано, бев во студио кога ја снимаа песната и дозволија јас да отсвирам еден дел. Го направивме во еден здив. После тоа, на Ноел Галагер му ја подарив мојата бела гитара, која сега често ја користи на свирките. Ќе ја препознаете по буквата „P“ на неа“, ќе изјави во една пригода.

-Џони не ни планирал да стане актер. Првично заминал во Лос Анџелес со својот бенд „The Kids“ за да потпишат договор со една издавачка куќа. Заради тоа го напуштил училиштето, а директорот го поддржал во одлуката, поттикнувајќи го да ги следи соништата. Дури биле и предгрупа на Иги Поп, но тоа ќе биде и нивниот врв во кариерата, бидејќи непосредно после таа случка бендот веќе не постоел.

-Еден фосил е именуван токму по Џони Деп. Британскиот научник Дејвид Лег, пронашол 505 години стар фосил, кој го потсеќал на „Едвард со двете раце ножици“, главниот лик од истоимениот филм кој го толкува Деп. Како обожавател на актерот, научникот одлучил да го нарече фосилот „Kootenichela Deppi“.

-Џони Деп и Џими Кимел имаат необичен ритуал - на секое негово појавување во шоуто на водителот да се бакнуваат во уста.

-Еднаш за малку ќе бил ограбен. Но, крадецот го препознал и наводно му рекол: „Јас не крадам од капетанот Џек“ и се повлекол. На крајот, Деп секако му дал нешто од парите што ги имал во паричникот.

-Како дете бил алергичен на чоколадо, но тоа со текот на времето се сменило, што било и среќна околност при снимањето на филмот „Чарли и фабриката за чоколадо“.

-Џони сака барбики (кукли). „Сакам да си играм со барбики. Тоа е една прекрасна работа која можете да ја правите со своите деца. Еднаш пробував различни улоги играјќи се со нив, но на мојата ќерка не ѝ се допадна. Во еден момент рече: „Тато, те молам престани тоа да го правиш, зборувај со твојот глас““, изјави актерот во една пригода.

- Бил номиниран за Оскар неколку пати, но сè уште не го освоил.

-Костимот на капетанот Џек го носи секаде каде што оди, бидејќи сака да ги изненадува децата во локалните болници во местата каде што престојува.

-Џони уплатил голема сума пари на сметката на ќерката на Хит Леџер. Откако актерот почина, Деп ја донирал сета заработувачка од „The Imaginarium of Doctor Parnassus“ на штедната сметка на Матилда. Исто така, ги убедил и своите колеги во филмот, Џад Лоу и Колин Фарел да го сторат истото.

-Уништил свој билборд. И обезбедувањето му го дозволило тоа. Имено, на актерот не му се допаѓала неговата фотографија од филмот „21 Jump Street “, ниту пак пораката на билбордот и го уништил.

-Бил избран за Најсекси маж на светот два пати.

Објавено:
9 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
980 пати
Тагови: 
Џони Деп