Изгледа како снегулка, но нејзината вистинска функција ќе ве изненади

7 август 2014

Холандски и норвешки архитекти  уште од 2008 година почнаа со работа на проектот насловен „Кристал“, а станува збор за луксузен хотел кој ни повеќе ни помалку ќе плута врз вода. До хотелот со пет ѕвезди ќе може да се дојде само со чамец,  ќе има 86 соби, конференциска сала и спа центар. Целосно хотелот ќе биде изработен од стакло, односно елементите ќе бидат изработени на копно, па потоа ќе се монтираат на водената површина.

Луксузниот хотел ќе се наоѓа во близина на округот Тромс во северна Норвешка, а отворањето е предвидено кон средината на 2015 година. Холандскиот архитект Коен Олтуис, објаснува дека основата на снегулката е многу голема и поради тоа е доста стабилна, така што нема да се чувствува никакво движење.

 

Олтуис не открива колку вкупно чини целосниот проект, но објаснува дека буџетот за изградба чини 15 проценти повеќе отколку да се гради луксузен хотел на копно.

 

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Култура