Современиот и динамичен животен стил, без компромис бара од вас постојано да сте во движење. Но, за да бидете продуктивни, секогаш треба да оставите простор и време за себе.
Најсовршеното место каде максимално ќе ги наполните батериите и ќе ги ревитализирате вашите тело и дух, е фитнес центарот во „Парк Хотел", концепиран според сите светски стандарди.
Прво што остава силен впечаток е беспрекорно дизајнираниот простор, амбиентот кој делува смирувачки и мотивирачки, а притоа е и со поглед на реката Вардар.
Вториот значаен момент е што овој фитнес центар е лоциран во еколошка средина, што дополнително ќе ве стимулира.
Фитнес центарот е комплетно опремен и нуди богата програма на услуги со кои ќе ја задржите добрата форма или ќе се вратите на вистинскиот колосек доколку претходно сте ја изгубиле формата.
Уште една дополнителна привилегија е тоа што тука имате можност да работите со сертифицирани, лични тренери кои несебично ќе ви помогнат во остварувањето на посакуваните резултати.
Програмата вклучува голем избор на вежби: основни вежби за рамнотежа и флексибилност на телото, различни типови на кардио вежби, пилатес, крос фит, Табата тренинг и уште голем број на различни варијанти на вежби што може да ги разгледате на веб страната на „Парк Хотел".
За приказната да биде комплетна во рамките на хотелот функционираат и ресторан со неодоливи кулинарски специјалитети, тераса, конференциска сала, спа центар со базен, како и прекрасни апартмани.
Спонзорирана објава