Единствено спа и фитнес искуство во центарот на Скопје

24 август 2016

Пронајдете ја хармонијата и препуштете се на уживањето во опуштен амбиент, обликуван според потребите на модерниот човек. Во Скопје Мериот Хотел е сместен еден од најатрактивните спа и фитнес центри во околината, посебен во многу нешта.

Тука се достапни уникатни и наменски спа и фитнес програми, специјални техники за масажа кои ги изведуваат професионални физиотерапевти, третмани за убавина во кои се користат производи единствено од елитниот бренд Џун Џејкобс, познати по својот микс од природни ботанички состојки и патентирани антиоксиданси. Во центарот се наоѓа спа зона со парна соба, три различни сауни (финска, хербална и инфраред), џакузи, базен, како и дел за масажа и фитнес сала со најсовремена опрема за вежбање од програмата TechnoGym.

За убавината на ваквото искуство, придонесува и самиот изглед на спа и фитнес просторот во Скопје Мериот. Секој од третманите е создаден соодветно потребите и желбите на клиентите, но создадени се и специјализирани третмани кои што се еволуциски чекор во негување на убавиот, здрав и младешки изглед и добросостојбата на организмот. Како дел од третманите може да се издвојат: ексклузивните третмани за тело, третманите за лице, како и интензивните третмани за стапала и раце, маникир и педикир, масажа за парови, ароматерапија, како и различни третмани за мажи.

Многу е важно да се истакне исклучителниот професионализам на сите вработени во Скопје Мериот спа и фитнес центарот, затоа што персоналот е тука за да помогне при изборот на најсоодветниот третман според потребите, желбите и очекувањата на клиентите.

На располагање на клиентите во спа и фитнес центарот во Скопје Мериот е и бесплатен паркинг во самиот објект на хотелот во времетраење до 3 часа.

Идеалната атмосфера, погодна за максимална релаксација на телото и умот, врвната грижа за личната нега и убавина, како и уникатната фитнес програма, сето тоа овозможено од Скопје Мериот спа и фитнес центарот, претставува разгалување за сите сетила, а во исто време го балансира ефектот што го приредуваат секојдневните стресни ситуации.

Спонзорирана објава

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.831 пати