41 година ЦАР САМУИЛ – новиот лик на познатата лековита бања

29 ноември 2023

Овој месец хидротермалниот медицински центар ЦАР САМУИЛ, бања Банско ја раситнува петтата декада и прославува 41 година од своето постоење. Последните неколку години овој бисер на бањскиот туризам кај нас, интензивно го менува и модернизира својот лик, со цел на своите корисници да им обезбеди услуги и содржини според највисоки светски стандарди.

Резултатот од интензивната модернизација е веќе целосно реновираниот медицински дел за физиотерапија, проширен и збогатен со услуги и апарати за терапија кои за прв пат се користат во Македонија.

За потребите на објектот изградена е комплетно нова дијагностичка лабораторија како и две нови специјални ординации (неврологија и ортопедија).

Ексклузивната сала за свечености која функционира во рамки на комплексот од неодамна е официјално отворена за различен тип на свечени или корпоративни настани.

Со модерен и елегантен ентериер, капацитет од 600 гости, професионалното озвучување и осветлување, веќе сведочиме на беспрекорно организирани настани од секаков вид.

Зошто треба да го посетите ЦАР САМУИЛ:

-Препознатливите методи на лечење кои ги практикуваат во Цар Самуил станаа синоним за банско лекување во регионот. За тоа сведочат и голем број потврдени успешни приказни на нивни пациенти кои со задоволство повторно се враќаат за да уживаат во благодетите на термалната вода – единствена во Европа по својот состав и лековитост.

-Застарените методолошки пристапи на лекување ги заменуваат со индивидуален пристап и акцент на потребите на пациентот за да го подобрат квалитетот на целокупниот процес на рехабилитација.

- Се разработуваат нови медицински концепти и се применуваат нови дијагностички и терапевтски техники. Нудат широка палета на услуги и терапии правејќи спој на традиционалното лекување и современата технологија за постигнување совршен баланс.

-Со холистички пристап се охрабрува одговорноста на луѓето во подобрување на сопственото здравје преку промена на физичката, когнитивната и емоционалната состојба.

- Се креираат индивидулни рехабилитациони и рекреативни програми во зависност од потребите на пациентот. Со современи методи се третираат сите видови на дегенеративни, невролошки, посттрауматски, ортопедски и генетски болести како и сите видови фрактури.

-Користејќи ги благодетите на термалната вода нудат и третмани за рекреација и одржување кондиција кои можат да ги користат спортисти, рекреативци, па и цели семејства кои сакаат да уживаат во топла и пријатна атмосфера.

-Покрај терапевтските третмани на располагање се и два терапевтски базени со топла термална вода, опремени со најсовремени терапевтски реквизити и еден рекреативен полуолимписки базен.

-Центарот нуди и балнео третмани во комплетно реновиран балнеотераписки дел опремен со вкупно осум кади за различни видови на хидро третмани како подводна масажа, хидрогалвански струи и различни видови термални купки.

Наскоро од ЦАР САМУИЛ го најавуваат и отворањето на новиот спа центар и реконструираниот рекреативен базен.

Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата. Во служба на медицината.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Car Samuil (@car_samuil)

Објавено:
29 ноември 2023
Категорија: 
Здравје