„Форми и структури во ентериерите" е насловот на изложбата на мебел која минатата недела беше поставена во рамките на средното уметничко училиште во Скопје, „Лазар Личеноски".
Учениците под менторство на професорката Марија Рашковиќ креираа автентични дизајнерски елементи со цел да постават активен естетски однос кон ентериерот во просторот.
„Срцевината на концептот за оваа изложба е во намерата естетски да се обликува и да се артикулира просторот и да се создаде сопствено визуелно - вербален амбиентален простор. Ентериерот на просторот е составен од повеќе дизајнерски елементи што секој за себе содржат сопствена дизајнерска форма. Деликатниот избор на материјали ( гума, пластика, картони, чипки, мрежа, дрво, иверка...) и неконвенционалната конципираност во реализацијата на делата со соодветен дизајн воспоставуваат активен естетски однос кон ентериерот на просторот. Секој од овие дизајнерски парчиња со својата форма и структура може да најдат место во било кој ентериер од секојдневното живеење", вели професорката.
Во продолжение погледнете дел од изложбата.