Вчеравечер во мултимедијалниот културен центар „Јавна соба" се отвори седмото издание на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), каде посетителите имаат можност да посведочат и да уживаат во иновативни производи и услуги од дизајнери и брендови од цела Европа, пропратено со пријатна музика, корисни предавања, работилници за деца и возрасни, вкусна дизајнирана храна...
Првата вечер се отвори со музички перформанс на српскиот квартет „Артан Лили" од Белград. Групата што се одликува со препознатлив и заразен ноиз-поп звук, одличен визуелен идентитет и текстови кои се ангажирани, нежни и разбирливи, а постои од 2013 и има еден албум.
Оваа година земја во фокус е Унгарија, која се претставува со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци.
Тема на овогодинешото издание на SDW е "Звукот на материјалите", каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.
„Недела на дизајнот во Скопје" ќе биде отворен до 26-ти ноември, а влезот за сите посетители е слободен.