Како да ја сочувате топлината во вашиот дом?

5 јануари 2015

WarmHome

Не е важно каков тип на греење имате во вашиот дом. Со неколку практични совети можете да заштедите на греењето, а со тоа да го направите и домот потопол.

*Проверете ја комплетната изолација во домот, особено ако живеете во куќа или стан на поткровје. Денес на пазарот има голем број материјали за термоизолација, природни и вештачки. Би било добро пред се' да е еколошки здрав, а пожелно е, покрај што подобри термоизолациски својства, истовремено да биде и добар звучен изолатор, да се вградува едноставно и да има долг век на трање. Термоизолационите материјали на база на синтетичка маса, како што е стиропорот на пример, имаат висока топлотна изолативноста, благодарение на рамномерно распоредените пори, кои заземаат и до 98% од површината. Овие материјали се одликуваат со голема цврстина и се одлични при изолирање на подови и тавани, а кога е неопходно и за внатрешната страна на ѕидовите. Во оваа група спаѓа и сунѓерастата полиуретанска пена.

Влакнести термоизолациони материјали на база на дрвена волна - траолит, хераклит, дурисол, се исто така со постојан облик и едноставни за вградување. Вештачки влакнести термоизолатори се на пример минерална и камена волна, кои се одлични термички и звучни изолатори, но при нивната примена треба да се внимава, поради штетното дејство што може да влијае и на здравјето на луѓето.

insulate-big-4

*Ако имате камин, кога ќе надојдат ниски температури и вистинска зима, најдобро е да го затворите и да не го користите. Тој го извлекува топлиот воздух од домот. Исто така, тој не е добар избор ако ви е потребно дополнително, зголемено греење.

*Ако имате вентиларот на некој од лустерите, знајте дека тој не е резервиран само за летни денови. Вклучете го на најбавната можна брзина, за да може полека и рамномерно да го распределува топлиот воздух во домот.

7517687700_27761c14fd

*Изолирајте ги прозорците и вратите. Многу топлина се губи околу овие места. А да го подобрите тоа можете да едноставен начин - со гумени самолепливи ленти кои имаат Е-профил. Залепете ги на внатрешните делови на прозорците и вратите. Пред лепењето добро исчистете ја површината и погрижете се да го правите на температура поголема од -6 степени Целзиусови. Исто така, можете да набавите и посебни ленти за лепење на долниот дел од влезната врата.

*Пур пена за мали отвори. Ова е одлично исредство за исполнување на мали простори, односно отворите од кои излегува топлината. Такви места можат да бидат - просторот зад прекинувачите за струја на надворешните ѕидови, разни отвори за струја, кабли, даската под прозорците... Исполнувањето на овие отвори со пур пена не бара многу, а можете да заштедите и да ви биде потопло. Сепак, бидете внимателни кога работите со оваа пена, затоа што во допир со кожа може да направи лоши последици.

warm-home

*Користете завеси и ролетни. Ова е едно од наједнставните начини за зачувување топлина во домот. Особено во вечерните и ноќни часови, кога и воздухот е постуден, а топлината во домот се намалува. Тогаш спуштете ги ролетните комплетно. Во зима е убаво да користите дебели завеси затоа што тие задржуваат повеќе топлина.

*Алуминиумска фолија. Ова е практичен совет што ќе ви помогне да ја носочите топлината. На ѕидот зад радијаторте залепете алуминиумска фолија што ја користите во домаќинството, или фолијата за заштита на шофершајбните на автомобилите. Со ова ќе направите радијаторот да престане да го грее надворешниот ѕид, а топлотата ќе се рефлектира директно во собата.

toplina-radijatori

Или пак, залетепе парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата ќе биде свртена нанадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На тој начин топлината ќе се одбива од фолијата и ќе се враќа во домот, наместо во надворешниот ѕид.

*Во соработка со Elena Luka Home

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Култура