Како да ја зачувате топлината во домот кога температурите паѓаат

14 јануари 2024

Кога надвор е студено, комфорот го бараме во топлиот дом. Сепак се случува некогаш топлината да ни "бега", а виновници за тоа се повеќе фактори за кои честопати не сме ни свесни.

Прозорците, подовите, просторот под вратите можат да го пропуштаат ладниот воздух доколку не се добро изолирани.

Според експертите 35% од топлината "бега" преку ѕидовите, прозорците и вратите, 25% преку таванот и 10% преку подот.

За тоа да не биде така еве неколку совети во продолжение:

Не го оставајте подот без тепих

Зимно време практикувајте подот да има тепих. Што подебел тоа подобро, а како најефикасна варијанта за задржување на топлината cе волнените решенија.

Проверете го греењето

Пред да почне грејната сезона, задолжително проверете ја исправноста на грејните тела. Видете дали доволно брзо затоплуваат и колку долго ја задржуваат топлината по нивното гаснење.

Штедете енергија

За да заштедите, насочете ја топлината онаму каде што најмногу седите. Доколку имате соба што не ја користите во текот на денот, едноставно не ја затоплувајте.

Запрете го ладниот воздух

Ако забележите дека вратите или прозорците не се затвораат најдобро, а не сте во можност за големи поправки, тогаш користете специјална изолациона лента или лепак.

Сончева светлина

Доколку денот е сончев тргнете ги завесите за полесно да влезе природната светлина и топлина. Штом сонцето зајде повторно повлечете ги завесите и ролетните. На овој начин овозможувате задржување на акумулираната природна топлина.

Фото: Pinterest

Објавено:
14 јануари 2024
Категорија: 
Архитектура