Како Метју Пери ја убедил Џулија Робертс да се појави во „Пријатели“?

3 февруари 2021

Додека со нетрпение го очекуваме продолжението на „Пријатели“, во медиумите се појавуваат нови интересни детали за серијата.

Така, неодамна во јавноста излезе информација за тоа како Метју Пери успеал да ја убеди Џулија Робертс да се појави во втората сезона на „Пријатели“ во 1996 година.

Имено, таа се појавува како Сузи Мос, другарка од училиште на Чендлер, во епизодата „The One After the Superbowl“. 

Но, на тоа претходи интересна приказна.

Помеѓу Џулија и Метју и пред снимањето на епизодата, постоела хемија. Како открива продуцентот на серијата, Kевин Брајт во иизјава за „Холивуд Репортер“, Метју ја повикал Џулија да се приклучи на екипата и таа се согласила, но под еден услов - да ѝ испрати есеј на тема квантна физика.

Звучи необично, но приказната оди во насока дека Пери ѝ го исполнил условот и ја гледавме во споменатата епизода. Покрај тоа, допишувањето прераснало во флерт.

На оваа приказна се надоврзува и Алекса Јанг, кој вели дека и екипата направила се' што е во нивна моќ да ги спои, затоа што на сите им било јасно дека Џулија ја освоил шармот на Метју. 

Се допишувале преку факс, а комуникацијата била и повеќе од интересна, бидејќи актерот се обидувал да одговори на нејзиното прашање зошто би требала да му даде шанса. Сите биле на негова страна, иако и сам сосема ќе успеел да ја освои. 

Еден од сценаристите на серијата, Џеф Астроф еден ден додека снимањето било во тек, стоел од страна со Џулија Робертс, која му признала дека Чендлер е мошне духовит. Астроф ѝ одговорил дека всушност тој е личноста која ги создала тие реплики.

После контактот за време на сетот, Џулија и Метју започнуваат романса и во приватниот живот, која нема да трае долго, но екипата го памети овој дел од снимањата и животот на Пери како мошне интересен и возбудлив.

 

Објавено:
3 февруари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
525 пати