Каков дрес код следи британското кралско семејство?

1 февруари 2023

Некои правила и традиции постојат навистина долго време, а тоа може да го потврди и британското кралско семејство. 

Покрај сите протоколи на однесување, постои и протокол за облекување, односно дрес код.

Иако со текот на времето одредени работи се менувале, приспособувајќи се на модерното живеење, формалните појавувања и облеката што смее да се носи притоа, останале непроменети.

Капи

Во сеќавање ќе останат шапките по коишто беше препознатлива кралицата Елизабета II. Овој моден додаток е дрес код за женските членови од семејството кога присуствуваат на формални, јавни настани. Стилот се однесува на периодот од пред 50-те години кога на жените им било забрането да ја покажуваат својата коса во јавност. Со текот на времето шапките станале задолжителни за формални настани и исклучителни, ретки прилики.


Ракавици

Употребата на ракавици е исто така дел од дрес кодот, а не само естетско парче. Ракавиците имаат задача да ги заштитат членовите од кралското семејство од разни бактерии со кои што можат да дојдат во допир при ракувањето со луѓето. Елизабета доследно го следеше овој протокол до крајот на животот.


Боја

Бојата на облеката што Елизабета II ја носеше беше дел од карактерот на кралицата. Ова го објаснува експертот за протокол Грант Харолд, познат и како Кралскиот Батлер. Според него силните нијанси на нејзината многубојна облека беа своевиден начин да се истакне меѓу толпата, да биде забележана.

Дрес код за деца

Не само возрасните туку и децата во британското кралско семејство мора да следат одреден протокол на облекување. Момчињата смеат да носат само кратки пантолони над колената до одредена возраст. Сепак принцот Џорџ, синот на Вилијам и Кејт се појави во една прилика во долги пантолони, што е вистинска реткост.

Војнички униформи

Возрасните мажи мораат да носат војничка униформа на формални настани. Со тоа ја покажуваат својата постојана посветеност кон државата.

Неформални моменти

Постојат правила во одблекувањето и за неформални настани. На пример жените треба да носат фустани и пантолони што одговараат со јакните и кардиганите. Мажите пак задолжително мора да имаат блејзер и кошула со јака. И ова правило беше заобиколено од војвотката од Кембриџ, Кејт, која што во една прилика одблече фармерки.

Тијари

Една од најдолгите традиции е носењето на тијари. Тие се задолжителни за мажените жени од кралското семејство или оние кои се членови на истото. Тијарите кои се украсени со дијаманти и останати скапоцените камења се носат само за најсвечените прилики.

Фото: Pinterest

Објавено:
1 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
221 пати
Тагови: 
дрес код