Стапувањето во брак со принцот Вилијам и станувањето на Војвотка од Кембриџ, за Кејт Мидлтон донесе промени не само во начинот на живот, туку и во начинот на облекување.
Во продолжение прочитајте кои се петте правила кон кои таа секогаш мора да се придржува, а се однесуваат на нејзиниот изглед.
1.Секогаш носи лак за нокти во нежни нијанси
Сите женски членови на краското семејство, посебно оние на високите позиции треба да внимаваат кои нијанси на лак за нокти ги одбираат. Војвотката од Кембриџ, а уште помалку кралицата Елизабета никогаш нема да ја видите со лак за нокти во некоја интензивна боја. И двете со години ја користат беж нијансата на лакот Essie – Ballet Slippers, која совршено се вклопува во стајлингот и за дневни и за вечерни пригоди.
2.Кога патува, секогаш мора да спакува нешто црно
Иако многумина сметаат дека ова е бизарно правило, но Кејт Мидлтон при секое заминување од Британија мора да спакува со неа и облека во црна боја. Причината е доколку се случи некој од членовите на кралското семејство да почине додека е таа на пат, да има што да облече при враќањето. Во серијата „The Crown“ за животот на Елизабета, се посочува на тоа правило. Имено, во моментот кога умира кралот Џорџ VI, Елизабета е на турнеја низ Африка, со себе не носи црна облека. Сепак, нејзиниот тим успева на време да се организира и таа на враќањето во својата земја носи комбинација во црна боја.
3.Носење шапки
Ова правило се однесува за сите формални случувања на краското семејство. Знаејќи го тоа, Кејт веќе има многубројна колекција шапки, кои се секогаш во склад и по боја и по дизајн со остатокот од комбинацијата. Инаку, ова правило е изменето со текот на годините. Претходно, ниту една членка на кралското семејство не смеела да ја напушти палатата без да ја покрие главата. Тоа е прикажано и во споменатата серија, каде тие носат марами или шапки. Сега, тоа се однесува само на венчавки, одењето во црква инт.
Правилото гласи дека: „шапките не се носат после 18 часот во затворен простор, бидејќи во тоа време се очекува дамите да бидат облечени во своите вечерни фустани, а на главата тогаш ставаат тијари. Сепак, тијарите ги носат само мажените членки на семејството“.
4.Не смее да носи чевли со полна потпетица
Обувките на полна потпетица (или во народот попознати како обувки на плута, или на полна пета) се забранети во присуство на кралицата Елизабета Втора и тоа правило мора да го почитува секоја жена во кралското семејство. Сепак, Кејт знае да ги облече понекогаш, но во склад со правилото, односно кога кралицата не е во близина.
5.Не го соблекува капутот во јавност
Ова веројатно го забележале сите што го сакаат стилотна Кејт Мидлтон. Жените од британското кралско семејство капутите ги соблекуваат дури тогаш кога камерите се исклучуваат. Сè спротивно на тоа се смета за неприкладно и недолично за една дама.
6. Мора да носи клач чанта
Иако во нема нешто посебно место, освен да ги стави ракавиците, сепак Кејт мора да носи клач чанта и самата да се грижи за неа. Причината е во тоа да не остане со празни раце и да не знае што да прави со нив.
7. Никогаш не смее да носи премногу високи потпетици
Чевлите што ги носи треба да се удобни и што пониски тоа подобро. Високите потпетици се сметаат за неприклади, па затоа висината на потпетиците секогаш треба да е умерена.
8. Хулахопки во тон со тенот на кожата задолжителни
Ова пред сè се однесува на формалните пригоди. На таквите, Кејт а ниту една друга членка на кралското семејство не смее да се појави во црни хулахопки или евентуално боса. Кралицата инсистира на носење хулахопки, а тоа важи и за гостите што присуствуваат на формалните настани.
Бонус: Мора да внимава како седи
Кејт на сите појавувања во јавноста мора да седи на ист начин – со споени нозе, благо наклонети на страна. Таквиот начин на седење е правило донесено од практични причини. Сите женски членови на семејството се обврзани да носат здолништа или фустани, па со овој начин на седење одбегнуваат непристојност и незгодни ситуации, во кои јавноста би можела да види недозволиви нешта.