Доколку ова лето решивте да одите на малку поинаков одмор од стандардниот и да посетите некој вистински рај на земјата, тогаш на прво место нека бидат Канарските острови.
Многумина ќе кажат дека Фуертевентура е местото што не смеете да го заобиколите доколку патувате на Канарските острови, и тоа е дефинитивно точно. По Тенерифе, Фуертевентура е најголемиот остров и познат по најубавите, рајски плажи.
На ова место ќе ја најдете сета забава што ви е потребна за еден незаборавен одмор, ќе уживате во неверојатните локални специјалитети, ќе шетате по белиот песок и ќе им се восхитувате на шармантните градби.
Иако речиси никогаш не е возможно да се плива поради огромните бранови, сепак задолжително посетете ги плажите El Cofete и Barlovento кои се долги повеќе од 12 километри и прошетката по истите е единствено чувство.
Подеднакво фасцинантно е и малото село Ajuy каде се сместени познатите пештери кои се нешто што мора да го видите пред да си заминете од Фуертевентура.
Фантастичното гратче Betancuria сместено во длабока долина е местото каде ќе ги пробате најубавите специјалитети по кои се познати мештаните од Канарските острови. Никако не заминувајте си без да го пробате нивното омилено – козјо сирење послужено со мед или џем.
Можеби најшармантното место на овој остров е селото El Cotillo каде се сместени некои од најдобрите ресторани за морска храна. Во ова мало селце ќе уживате и во некои од најубавите плажи како причина плус за да го посетите местото.
Секако, не смееме да ги заборавиме и магичните песочни дуни Corralejo кои важат за еден од најпопуларните ресорти на островот, а нивната убавина говори и зашто.
Овие песочни дуни беа прогласени за национален парк во 2002 – та година и оттогаш важат за едни од најголемите знаменитости на островот. Токму тука, често се одржуваат познати музички фестивали и концерти, а веројатно сфативте дека ова е омиленото место на сурферите.
Инфо: Spain holiday.com
Фото: Canary trip booking, Click and go, Google