Карлос Сантана колабираше на сцена

6 јули 2022

Музичката легенда Карлос Сантана колабираше на сцена за време на вчерашниот настап во Мичиген. Според изјавата на неговиот менаџер, причината била „топлотна исцрпеност и дехидрација".

Фото: CNN

Натсапот на Сантана се случуваше во музичкиот театар Пајн Ноб, амфитеатар на отворено во Кларкстон, кој е на околу 64 километри од Детроит. Температурите во Кларкстон достигнаа до 31 степени во вторникот, речиси 10 степени над просекот, а 74-годишниот музичар колабираше во моментот кога започна да свири песна посветена на радоста и љубовта.

Набргу по немилиот настан беше објавена среќна вест.

„Карлос беше однесен во одделот за итни случаи во Мекларен Кларкстон и се чувствува добро", стои во соопштението на неговата Фејсбук страница.

По инцидентот, Сантана објави и кратка порака на Фејсбук, каде им се заблагодари на своите фанови за нивните „драгоцени молитви". „Заборавив да јадам и да пијам вода, па дехидрирав и се онесвестив", напиша тој.

Музичарот требаше да настапи со Earth, Wind and Fire во средата навечер во Пенсилванија, но тој концерт е одложен, се вели во соопштението. Сантана настапи во понеделникот како дел од концертот на CNN „The Fourth in America".

Објавено:
6 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
473 пати