КИЦ отвора изложба на младиот уметник Владимир Илиевски

21 мај 2014

Утре четврток( 22-ри мај), со почеток од  20 часот во Културно Информативн Центар- Скопје ќе биде отворена изложба на слики од младиот талентиран уметник Владимир Илиевски. Изложбата ќе вклучува 30 дела масло на платно создадени во текот на оваа година. Инаку, Владимир е дипломиран уметник при сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а досега има реализирано шест самостојни изложби, од кои пет на домашни простори, а една во соседна Бугарија.

 

Учествувал и на повеќе групни изложби во Хрватска, Грција, Македонија, а добитник е и на три национални и една меѓународна награда. Најновата изложба на слики е со тематика од портрети на познати светски музичари. Изложбата ќе биде отворена се до 5-ти јуни 2014 година.

 

 

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Култура