„Улица љубов“ – изложба на Ване Костуранов во МКЦ

9 март 2015

Во четврток (12 март), со почеток во 20 часот, во галеријата на  Младинскиот културен центар во Скопје, ќе биде отворена изложбата на Ване Костуранов насловена “Улица љубов”.

Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров кој по овој повод ќе каже:
Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом.

Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 9 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

Објавено:
9 март 2015
Категорија: 
Култура