Кијану Ривс со години во тајност донирал милиони за детски болници

10 јануари 2020

Во многу аспекти нетипичната холивудска ѕвезда Кијану Ривс, важи и за една од најхуманите личности во шоу бизнисот, притоа избегнувајќи било каков публицитет во тој контекст.

Така деновиве сосема случајно повторно се актуелизира уште едно негово хумано дело. Имено, се работи за фактот дека тој со години во тајност донира огромни суми пари за детски болници.

Еден од омилените актери на денешницата, има своја приватна фондација преку која финансиски ги помага истражувачките процеси во откривањето на лек против рак, а истата таа фондација финансиски ги помага и детските болници ширум светот.

Фото: Fan page Keanu Reeves

Во една прилика ќе изјави дека не сака неговото име да го поврзуваат со фондацијата.

„Навстина сакам да ги оставам да си ја работат својата работа", вели Кијану.

Фото: Fan page Keanu Reeves

Ова е само еден од низата хуманитарни проекти што ги поддржува актерот. Тој исто така има организација која ги помага хокеј играчите кои доживеале повреди, исто така им купи мотори на сите каскадери што учествувале во снимањето на „Матрикс", а иницираше и помала плата за себе за во одредени филмови да се ангажираат и други актерски ѕвезди... Редовно користи јавен превоз и својот живот го живее едноставно.

Фото: Fan page Keanu Reeves

Фото: Fan page Keanu Reeves

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.734 пати
Тагови: 
Кијану Ривс