Кијану Ривс и Александра Грант елегантни во црно на свечен настан

6 ноември 2023

Ѕвездата на Matrix Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант се појавија заедно на LACMA гала вечерта во Лос Анџелес.

Ривс, 59 и Грант, 50 пристигнаа држејќи се за рака и во одлично расположение на настан којшто дава поддршка на филмот и уметноста.

Актерот за оваа прилика носеше костум со потпис на Гучи, додека неговата партнерка, 50, се појави во макси црн фустан со интересен исечок во форма на клучалка.

Освен нив меѓу другите на гала вечерта се појавија и Џенифер Лопез, Бен Афлек, Ким Кардашијан, Ендру Гарфилд, Лупита Нјонг и уште многу други.

Пред да станат пар Ривс и Грант беа соработници, а за прв пат заедно се појавија токму на LACMA во 2019-та.

Објавено:
6 ноември 2023
Категорија: 
Сцена