Кои се предностите на раѓањето дете по 35 – тата?

28 октомври 2019

Веројатно и самите знаете дека бременоста по 35 – тата година со себе носи одредени ризици, но тоа не значи дека не треба да се обидете и да бидете истрајни.

Добрата вест е што научниците говорат и за предностите на тоа да бидете мајка по 35 – тата, а некои од нив можеби и ќе ве изненадат.

fertty_international

Во продолжение ви откриваме дел од тие предности кои знаеме дека ќе ве натераат да размислувате и да не се двоумите ако ја надминавте посочената возраст.

-Бременоста над 35 – тата може да ја зголеми моќта на вашиот мозок

Истражувањата покажуваат дека раѓањето дете по 35 – тата може ментално да ве зајакне години подоцна. За потребите на истражувањето биле испитани 830 жени во средни години за да се утврди дали има поврзаност помеѓу доцното раѓање и силата на мозокот. Резултатите покажале дека жените кои родиле прв пат по навршување на 35 години, имаат појака меморија.

golden_valley_health_centers

-Со текот на годините, емоционално сте поспремни

Веќе знаете дека со текот на годините стануваме позрели, а тоа секако игра голема улога во тоа да се биде подобар родител. Во една студија објавена во 2017 – татат во едно европско списание, истражувачи од Холандија го проучувале психолошкиот развоја на две групи деца на возраст од 7, 11 и  15 години. Во едната група имало мајки кои родиле над 31, а другата биле помлади. Постарите мајки, многу поретко се нервирале и многу ретко физички ги дисциплинирале нивните деца за разлика од помладите.

-Веројатно и финансиски сте се оствариле

Со самото тоа што годините изминуваат, а вие работите на вашето образование и искуство, со текот на времето сите очекуваат поголем просперитет и секако, повеќе финансии. Доколку се остваривте во кариерата и почнавте да напредувате, веројатно имате и поголема финансиска заштеда и можности за чување дете.

three_little_birds

„Студиите покажуваат дека децата на постарите мајки имаат подобро образование, зашто истото им е овозможено од нив. Голем дел од децата на постарите мајки одат на факултет, за разлика од оние на помладите“, вели доктор Патриша Сајбер.

-Ќе живеете подолго

Многумина ќе кажат дека ако сте постари, ќе немате многу енергија за да бидете во чекор со вашето дете во секој момент, за венчавката или чувањето на внуците. Истражувањата покажуваат дека ова воопшто не е вистина, посочувајќи дека жените кои имаат деца над 33 – тата година во животот, имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост.

pinterest

Инфо: stil.kurir.rs

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.608 пати