Ако вашето дете постојано раскажува за тоа колку има желба неговата омилена измислена играчка од цртежите да „оживее“, сега имате можност тоа да му го остварите.

Имено, компанијата Budsies основана во 2013 – тата од Алекс Фурмански веќе некој период создава играчки според креативните цртежи на децата ширум светот, по големиот интерес за играчката што тој првично ја создал за неговата малечка сестричка.

„Што ако можам да претворам детски цртеж во нешто реално што ќе трае засекогаш? Позајмив еден од цртежите на мојата помала сестра и видов нешто што наликуваше на куче. Се обидов да направам плишана играчка според цртежот и беше навистина интересна. По неа, дојдоа уште многу други“, вели сопственикот на компанијата.

Мелиса, која е вработена во компанијата како ПР раскажува дека на почетокот најголемиот дел од барањата биле резултат на детски цртежи, но денеска добиваат нарачки и од возрасни кои имаат целосно разработена замисла до последен детаљ.

Додава и дека идеите и креативноста на нивните клиенти се неограничени и токму поради тоа нивната компанија е толку посебна и уникатна.

Погледнете дел од цртежите и крајните изработки на неодоливите плишани играчки на Budsies.

Инфо и фото: Bored Panda

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
268 пати