Направете сами сандали според моделот на Џузепе Заноти

18 февруари 2014

Потребно е да набавите пар сандали како овие на сликата или пак доколку имате сличен модел, тогаш потребно е само да обезбедите играчка во форма на змија, спреј во боја, игла, конец, украсни камења и лепак.

Прво треба да ја обоите играчката во иста нијанса во која ви се сандалите и на неа може да ставите украсни каменчиња, доколку тоа е ваша желба. Ставете ги сандалите на нозете и пробајте од прилика каде би ја сместиле играчката, која сега веќе треба да добие сосема друг изглед. На местата кои ќе ги одредите на горниот и долниот дел, ставете лепак и чекајте да се исуши.

Ако мислите дека лепакот нема да издржи, тогаш земете конец и игла и на тој начин зацврстете ја играчката змија на сандалата, па повторно повторете со лепак. Доколку бојата на конецот е во сосема различна нијанса може и него да го обоите со спреј и нема да се примети никаква разлика

Откако ќе се исушат спрејот и лепакот, ќе имате нов пар сандали кои одлично ќе се вклопат во аутфитите за претстојната пролетна сезона.

Објавено:
18 февруари 2014
Категорија: 
Направи сам