Направете сами чевли во стилот на Миу Миу

22 април 2013

Доколку не можете да си дозволите постојано да ја обновувате вашата колекција во однос на модните трендови, ние ќе ви понудиме туторијал со кој ќе можете веќе постоечките чевли да ги промените во стилот на Миу Миу. Се што е потребно е само доза креативност....

 

miu miu cevli-napravete-sami-1

За нивната изработка ќе ви треба:

Еден пар чевли, по можност на висока потпетица, но нема да згрешите доколку се и на ниска потпетица

40 - 50 големи и средни кристали со големина од 10 до 15 мм.

30 – 40 мали кружни кристали со големина од 3 до 6 мм.

Лепак

Пинцета

Пластична чинија

Чепкалка

Мали клешти

Доколку имате кристали со метална позадина, отстранете ги со помош на клештите.

 

miu miu cevli-napravete-sami-2

Ставете лепак во пластичната чинија и со пинцета нанесете го на задната страна од големите кристали.

miu miu cevli-napravete-sami-3

Притиснете го кристалот во центарот на потпетицата. Од страна додадете ги големите кристали и на празните места ставете ги помалите.

miu miu cevli-napravete-sami-4

За полесно да нанесете лепак на малите кристали користете чепкалка.

miu miu cevli-napravete-sami-5

Кога ќе се исуши лепакот, изберете модни парчиња со кои ќе можете да ги комбинирате новите Миу Миу чевли.

miu miu cevli-napravete-sami-6

Објавено:
22 април 2013
Категорија: 
Направи сам