Црната и белата тантела нудат елеганција,а другите бои се добри за освежување на темната и неутрална гардероба. Можете да комбинирате со разни видови тантела или пак со различен лак за нокти.

Исечете десет парчиња тантела во поголема големина од површината на ноктите. На секој нокт и на долната страна на тантелата нанесете проѕирен лак за нокти и потоа ставете ја тантелата на ноктите. Отстранете го остатокот од тантелата и уште еднаш повторете со проѕирниот лак за нокти и со чепкалка наместете ја тантелата по површината на ноктот. Завршниот слој од лакот ќе ја заштити тантелата од оштетување.

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Направи сам