Беспрекорен маникир со новата линија лакови за нокти од Диор

24 февруари 2014

Скоро 50 години по лансирањето на својот прв лак за нокти, француската модна куќа Диор одлучи да ја промени формулата и да креира нова колекција лакови Vernis Couture Effect Gel.

Овие лакови даваат одличен ефект на гел за нокти, сличен како оној што го добивате во салоните за убавина.

Новите, свежи и интензивни бои на лаковите на Диор имаат сјаен, „стаклен“ отсјај, но и висока издржливост, што е обезбедена од формулата збогатена со органски силикон.

Поради таа состојка, лакот на површината на ноктот ќе се задржи подолго време и истиот ќе изгледа беспрекорно, а љубителите на органската козметика ќе бидат задоволни бидејќи истиот е 80 проценти природен.

Во новата колекција има вкупно 21 нијанса на бои, а меѓу нив се наоѓаат и омилените класици, но и свежи и одлични нови бои!

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Убавина