Ова е лакот за нокти што ќе го обожаваме летово!

7 јуни 2016

Со доаѓањето на летото и топлите денови, јаките бои на лаковите за нокти сѐ повеќе доаѓаат до израз. Истите веќе можеме да ги видиме како дел од маникирот на многу девојки, но има една особена боја за која знаеме дека ќе биде огромен хит!

Веројатно се сеќавате на „креч“ белиот лак што обожувавме да го носиме пред многу години, по што некако како да го заборавивме.

Токму тој, се враќа на голема врата ова лето, а истото веќе можеме да го забележиме по Инстаграм профилите на стилските девојки.

Белиот лак за нокти е супер неутрален, но истовремено остава и голем впечаток, а како и некои други класични бои на лакови, истиот е must have за во торбичката на секоја девојка.

Познатите стилисти за нокти за ова лето предлагаат игра со повеќе нијанси на бела, од оние најнежните, па сѐ до интензивно белите кои одлично стојат со многу прстени!

Ако сакате да го носите овој лак, тогаш задолжително ноктите нека ви бидат со кратка должина, бидејќи на големи нокти има сосема спротивен ефект.

Објавено:
7 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.113 пати