Ви се ближи венчавката или едноставно не можете да им одолеете на романтичните модни приказни, дури и кога е маникирот во прашање?
Еси има нова мини колекција што ние веруваме дека апсолутно ќе ве воодушеви. Познатиот бренд на лакови за нокти лансираше мини колекција за невестите во која се наоѓаат четири лакови во прекрасни нежни бои.
За денот на вечавката Еси на идните невести им го посвети лакот на нокти под името „She said yes“, во снежно бела боја со суптилни светки кои на ноктите изгледаат неверојатно гламурозно.
За деновите што и претходат на венчавката, за сите оние подготовки кога на многумина им ја соопштувате среќната вест, од Еси создадоа неверојатен лак под неколку сосема соодветни имиња „Meet the parents“, „Got engaged“ и „Love every minute“.
Ние дефинитивно не можеме да се одлучиме која нијанса е нашата омилена, но она што мора да го признаеме е дека тотално се разнежнивме!