Кока Кола се впушти во нови авантури и го проширува својот асортиман. Добропознатиот бренд склучи соработка со компанијата OPI и на пазарот лансираше колекција на разнобојни лакови за нокти, на задоволство на љубителите на пијалокот, но и на оние на негата на рацете.
Линијата содржи девет бои кои можете да ги вметнете и со дневните, но и вечерни комбинации.
-Соработката со Кока Кола е резултат на долгогодишни преговори, а продуктот е повеќе од ветувачки - вели Сузи Вајс Фишман, коосновачот и директорот на OPI корпорацијата.
Секоја од нијансите се продава одделно, а на пазарот ќе бидат достапни во мини пакувања, кои содржат повеќе бои. Веселиот карактер на омилениот пијалок на многумина, ќе се одржи и во називите на лакови, па така има бои инспирирани од ванила вкусот на Кока Кола, или пак на Кока Кола Зеро... Во колекцијата се содржи и портокаловата боја, посветена на пијалокот Фанта.
Погледнете ја колекцијата: