Погледнете ја новата колекција лакови за нокти од ОПИ во соработка со Мапетите

7 март 2014

Производителот на лакови за нокти ОПИ, лансираше нова колекција на прекрасни лакови инспирирани од филмот „Muppets most Wanted“ на Дизни чија премиера се очекува на 21 март.

„Ликовите од Мапет Шоу се прекрасни, омилени и колоритни карактери што едноставно не можете да не ги сакате. Нашите осум нови лакови за нокти се инспирирани од нивните авантури во последното филмско остварување и истите се апсолутно гламурозни и авантуристички“, објаснува Сузи Вајс Фишман, извршен директор на компанијата.

Модерната Мис Пиги секако, ја доби најрозовата нијанса во целата колекција, но и припадна и нежната „праска“ боја, како и сафирно сината. Останатите нијанси на новите лакови на ОПИ се подеднакво прекрасни и вклучуваат одлични бои, а секако не изостануваат ниту оние нијанси со блескави светки во нив.

Погледнете ја целата нова колекција и одберете си ја вашата омилена нијанса, ние веќе го сторивме тоа!

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Убавина