Можат ли лаковите за нокти да бидат Couture?

17 октомври 2013

balmain-nail-couture-1

Ако и веруваме на новата колекција на Балман, тогаш да. Откако својата дејност ја проширија од модата на екстенција и производи за нега на коса, модната куќа Балман Париз продолжува во освојување на светскиот пазар за нега и убавина.

Оваа есен познатиот бренд ја претставува својата прва колекција за лакови за нокти, која го носи името Balmain Paris Nail Couture.

desktop221

Иако тоа не би можело да се каже за нивната досегашна естетика, Балман оваа мини линија ја опишува со зборот минимално, а лимитираниот сет вклучува четири лакови кои би требало да се најдат во козметичката чантичка на секоја дама.

desktop222

Кога се боите во прашање, еден доаѓа во класична црвена боја, друг во драматична црна, а софистицираниот маникир можете да го креирате со лак во неутрална беж нијанса. Соодветната подарок-кутија содржи и транспаретен надлак, кој од светкав ќе создаде мат ефект на ноктите.

Оваа класика во мало, Балман ексклузивно ќе ја продава во трговскиот центар Harvey Nichols.

Објавено:
17 октомври 2013
Категорија: 
Убавина