Дајте му нов изглед на вашиот стар блузон

24 септември 2013

Како што надоаѓаат студените есенски денови, повеќе од потребни ни се парчиња облека што навистина ќе не стоплат. Оваа есен пронајдете го вашиот блузон од минатата сезона и украсете го со неодоливи, разнобојни парчиња накит што апсолутно ќе го освежат.

Она што ви е потребно е само еден блузон, инаку апсолутен хит за оваа есен, неколку парчиња украсни каменчиња во разни бои, игла и конец за шиење.

Не плашете се од шиењето, истото ќе ви одземе време колку две епизоди од Friends!

Објавено:
24 септември 2013
Категорија: 
Направи сам