Направи сам: трансформирајте го џемперот со романтична панделка

17 декември 2013

Ако некоја блуза или џемпер ги имате и носите неколку години и ви се досадиле, ние ви нудиме интересна идеја како да ги трансформирате и да добиете речи си ново парче. Постапката е многу едноставна и нема да ви одземе многу време. Изборот на боите го оставаме на вашиот вкус, но водете се според бојата на блузата или џемперот.

 

Финалниот ефект ќе биде подобар ако панделката е во контрастна нијанса од онаа на блузата. Се што ви е потребно е: ножици, конец, игла и подолго парче лента. Исечете ја блузата во делот кај рамото околу 17 см, потоа внимателно сошијте го исечениот дел по краевите за да не се расплети. И на крај сошијте ја лентата од двете страни и врзете ја. Вашата нова блуза е готова!

 

Објавено:
17 декември 2013
Категорија: 
Направи сам