Направете си сами ултра модерна алка

6 септември 2014

Искористете го продолжениот викенд и доколку останувате дома, почастете се со нова уникатна алка. Но, тоа не значи дека треба да го намалите домашниот буџет, напротив единствено што треба е само да се препуштите на вашата фантазија и да се потрудите да  искористите некои домашни предмети кои можеби никогаш не ви паднало на памет да ги споите во парче накит.

 

Потребни материјали: памучна лента, монистра во форми и бои кои според вас најдобро ќе соодветствуваат со вашите аутфити, лепило и клешта.  Доколку монистрата ви дозволуваат и имаат дискретни дупчиња наместо лепило можете да користите игла и конец.

Начин на изработка: Откако ќе ја исечете лентата, на краевите зацврстете со помош на клешта метални плочки за да не ви се разресува материјалот. Потоа наредете ги монистрата или кристалите во облик кој вас најмногу ви се допаѓа. Потпрете се на вашата фантазија, направете цвет или ѕвезда, круг или правоаголник или пак монистрата само раштркајте ги на лентата. Потоа ставете лепило на секое од нив и притиснете се додека не сте сигурни дека монистрата се добро залепени.

Брзо, едноставно, тренди и модерно. Алката е готова,а вие можете уште викендов да ја искомбинирате и да ја покажете на вашите пријателки на кои сигурно ќе им се допадне.

 

Објавено:
6 септември 2014
Категорија: 
Направи сам