Направи сам: Ефектна алка од ластик за коса и синџир
•
14 декември 2013
Понекогаш аксесоарите што можеме да ги изработиме сами се толку лесни за изведба, а со максимален ефект. Баш таков пример е оваа алка која освен на рака може да се носи и само како ластик за коса, со тоа што веќе добива двојна улога. Се што ви е потребно е:
-Ластици за коса во боја
-Синџир во златна или сребрена нијанса
-Клешта за накит
Изработката е многу едноставна. Краевите на синџирот отворете ги од двете страни и прикачете го ластикот, а на крај само прицврстете ги со клешта. Погледнете ги фотографиите и пробајте.