Направете си ефектна алка од безопасни и монистра

8 ноември 2013

Иако можеби на прв поглед ви и изгледа комплицирано за изработка, но од фотографиите подолу ќе се уверите дека многу лесно ќе можете да го изработите ова уникатно парче накит.

Се што ви е потребно е:

 

-безопасни

-мониста

-тенка врвка ластици

Исечете две парчиња од ластиците, така што прво ќе ги мерите околу вашата рака, следниот чекор е нижењето на монистрата, а околу боите водете се според вашите желби. Откако ке нанижете на една безопасна закопчајте ја и почнете се следната.

Откако ќе нанижете доволно, почнете да го протнувете ластикот низ нив

на крај спојте ги краевите и заврзете ги во јазол од двете страни, а вишокот ластик исечете го со ножица.

Вашата алка е готова, лесно е пробајте!

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам