Компанијата Фереро бара 60 лица кои ќе пробуваат чоколадо во Италија

7 август 2018

Да, штотуку го прочитавте огласот за работа од соништата! Веројатно на сечија листа на желби е да заработува пари пробувајќи чоколадо неколку часа во денот.

Компанијата Фереро распиша оглас за вработување на 60 лица кои треба да се преселат во Алба, Италија за да ги пробуваат нивните нови производи.

Вкупно 60 од пријавените кандидати ќе поминат низ тримесечен тренинг каде ќе се запознаат со разни ароми и вкусови на чоколади, но и со целиот процес на правење чоколадо.

После тоа, следи изборот на 20 кандидати кои четири часа неделно ќе учествуваат во создавањето на новата Фереро магија.

Она што е одлично е тоа што компанијата не бара никакво искуство, туку бара секојдневни купувачи и познавачи на нивните производи, а такви ги има многу.

Доколку сте заинтересирани за работата, познатата страна за патување Travel+Leisure неодамна го објави огласот и линкот каде може да се пријавите.

Инфо: Modamo.info

Објавено:
7 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.897 пати