...Вака отприлика гласи огласот на „Бест валју скулс“.
Колку пати досега сте ги изгледале сите сезони на „Пријатели“? Замислете да сте биле во можност да заработите пари, веројатно вашата сметка денес би изгледала поинаку :).
Но, шега на страна, од споменатиот сајт, бараат петмина што ќе ги гледаат првите пет сезони од серијата „Пријатели" за надомест од 1.000 долари. За тоа би биле потребни помалку од 45 часа, што значи дека одбраните кандидати би биле платени околу 22 долари на час.
Оние што ќе имаат среќа да бидат одбрани, ќе добијат и ваучер за подароци вреден 100 долари и производи инспирирани од „Пријатели". Исто така, на еден од петтемина, веб-страницата ќе му подари и комплетна колекција од сите сезони на серијата.
Освен гледањето на првите пет сезони, одбраните ќе треба да го споделуваат и своето искуство на социјалните мрежи, означувајќи ги и „Бест валју скулс".
Кандидатите треба да имаат најмалку 18 години и да живеат во САД, односно да имаат дозвола за работа во САД, па доколку познавате некој што ги исполнува овие услови, може да се пријави на линкот тука до 31 март, кога е и крајниот рок.