Kонцертот на Зукеро префрлен во СЦ "Билјанини извори" во Охрид!

24 јули 2018

„Бидејќи ова лето си поигрува со нас, а на нас како организатори најбитни ни се безбедноста на публиката и на изведувачите, се одлучивме за единствениот логичен потег во моментов.

Во договор со менаџментот на Зукеро, се одлучивме концертот да го префрлиме во спортската сала "Билјанини извори". Причина за тоа е дека во консултација со УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем!“, вака започнува соопштението на продукцијата „Авалон“ по повод утрешниот концерт на големата ѕвезда.

Оттаму исто така посочуваат дека комплетната нумерација на билетите од Антички театар се префрла во СЦ "Билјанини извори" и сите што имаат купено карти за Антички, ќе им важат за новата локација со истата нумерација.

За поубава прегледност, објавуваме и шема со поставеност на категории и седишта.

За крај, сите оние што сакаат да го гледаат ZUCCHERO, а не набавиле влезници, од утре во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 200 билети.

Објавено:
24 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
168 пати