Зукеро и Масимо Савиќ доаѓаат во Охрид!

9 мај 2018

Туристичката сезона во Охрид ќе започне со вистинско музичко уживање. Хрватскиот пејач Масимо Савиќ доаѓа за прв пат во Охрид, воедно, за првпат на open air во Македонија, а концертот е закажан за 14. јули во Античкиот театар.

Тие што веќе имале можност да го слушаат знаат дека ќе биде огромно задоволство да се ужива во неговата интерпретација и хитови „Додирни ме случајно", „Странац у ноќи", „Из једног погледа", „Загрли ме", „Сјај у тами" ... повторно. Оние пак, што досега немале можност да уживаат во неговата музика, сега имаат совршена шанса да го сторат тоа.

Но, тука не завршуваат музичките изненадувања од „Авалон“ продукција. 

За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и еден од најдобрите европски вокали Зукеро (ZUCCHERO), со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика-  повторно Антички театар.

Зукеро е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се`, кввалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.

Тој е веројатно уникатен и по фактот дека е пејач којшто има зад себе остварено соработка со најголем број на навистина неверојатно квалитетни артисти како: Ерик Клептон, Реј Чарлс, Стинг, „Тексас“, „Квин“, Џо Кокер, Џеф Бек, Иги Поп, Елвис Костело,Брајан Адамс, Боно Вокс, БиБи Кинг, Андреа Бочели и многу други.

Од „Авалон“ информираат дека сите детали околу влезниците за двата концерта ќе бидат познати на 21 мај во 21 часот навечер.

 

Објавено:
9 мај 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
378 пати